Мицкоски: Заев се служи со празни флоскули, отсутен е од реалноста

Во денешната емисија „Клик Плус“ на телевизија 21, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека ситуацијата во Македонија е многу лоша на секој план.

Тој рече дека во 15 месеци додека е претседател на партијата, луѓето секојдневно му се приближуваат велејќи дека во државата ништо не е добро и дека Заев користи популистички речник со празни флоскули.

Мицкоски се понуди да му помогне на Заев и СДСМ велејќи дека како власт се отсутни од реалноста.

-Во оваа претседателска кампања и изминативе 15 месеци додека сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ стегнав илјадници раце, сретнав многу граѓани и сите велат дека не е добра ситуацијата, не е добра работата, рече Мицкоски.

Мицкоски повика на искрен разговор со луѓето за да може тие да знаат што може искрено да се направи, а што не во државата.

Тој изјави дека народот му се приближува секојдневно, иако власта не е во негови раце, што покажува дека народот не е задоволен од власта на СДСМ.

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...