Мицкоски: Никогаш нема да ја користам придавката „Северна“ Македонија, па макар и утре да ми го земат мандатот кој би го добил!

Како политичка партија ние партиципираме во Собранието на државата со новата придавка. Учествуваме во процесите на институциите кои се дел од државата со новата придавка. Но, ако мислите дека јас во моите говори ќе ја употребам таа нова придавка, нема да ја употребам, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во ТВ21.

Тој потенцира дека и во функција на премиер, оваа придавка нема да ја употребува.

-Ова е за мене Македонија и Македонија ќе остане. За да се случи промена на Уставот, ние чесно пред граѓаните ќе излеземе со две понуди. Се знае, за да се промени Уставот, за да отидеме ние чекор назад, мора да имаме 80 пратеници и услов Бадинтер. Ме прашувате зошто го употребувам името Македонија. Јас ви давам одговор, никогаш нема на митинг, на состанок, да го употребам името со новата придавка, рече Мицкоски.

Еден од водителите го праша како ќе ја вика земјата утре ако биде премиер.

-Грев ли е да викам Македонија? Нека ми го земат мандатот. Кажувам отворено, никогаш нема да ја кажам придавката на новото име. Никогаш, нека ми го земат и мандатот, рече Мицкоски.

Поврзани вести

Најгоре