Мицкоски: Кој ќе убедите дека има правда кога премиерот го ослободува Апелација за поткуп уште првиот ден од кампања, а сите го видоа како бара пари?

Можеби еден од основните мотиви на ВМРО-ДПМНЕ за да поддржи кандидат кој е е истакнат правник и одлуката падна да се поддржи борец за правда токму затоа што тоа, правото и правдата ни е основа на политиката, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостувајќи на дебатата на телевизија 21 од која дел беа и аналитичари и новинари.

Тој посочи дека претседателот и нема некои директни ингеренции во оваа област, но може да сугерира и владата треба да го прифати тоа.

-На пример како ќе ме убедите дека сега има право и правда кога на прв ден од кампања Апелацискиот суд донесе ослободителна пресуда за премиерот Заев, а сите видоа како бара пари, посочи Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ додаде и дека за инвеститорите странски и домашни важно е да има реформи во судството зошто некој ќе инвестира само ако има правна сигурност.

Поврзани вести