Мицкоски: Јас сум за партнерство со сите, но врз основа на платформа и креирање политики, не поради полтронство или бизнис интереси

На основа на политики, а не на основа на клиентелизам, нам ни треба таква платформа за соработка, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостувајќи на телевизија 21.

Според него не треба да се тргува со гласовите на Албанците, туку да се разговара за да се препознаат заеднички вистинските вредности.

-Јас сум за партнерство со сите, со партнерите треба да разговараме за економија, за работни места, за останување на младите во државата, посочи Мицкоски.

Поврзани вести

Најгоре