Мицкоски: Дојде човек кој ми призна дека се полнеле кутии за време на референдумот, ОЈО знае за ова, а не реагира

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во вечерашното гостување во емисијата Клик Плус на ТВ 21 објави скандал поврзан со гласањето на референдумот на 30-ти септември за промена на уставното име на Република Македонија.

Тој вели дека на него лично човек му кажал дека за време на референдумот се полнеле кутиите, но како што рече Мицкоски Основното Јавно обвинителство знаело за случајот, но за жал се уште не реагирале.

-Еве ќе ви кажам една неформална информација. Мене ми пријде човек кој што ми кажа дека полнел кутии тој ден. Не го кажувам името од објективни причини, но кога ќе има вистински реформи во судството и обвинителството подготвен е човекот да сведочи и кој го мотивирал и како го мотивирал, вели Мицкоски.

Мицкоски посочи дека доколку конечно се отвори истрага за овие предмети, тој е спремен да сведочи.

-Ги повикувам да дојдам да сведочам, кога ќе ја започнат истрагата, подготвен сум тогаш да им кажам, нагласи Мицкоски.

Поврзани вести

Најгоре