Арсовски: Горивата достигнуваат највисоки цени, а власта не се откажува од зголемувањето на акцизата за дизел дериватите

Интегрален текст од прес конференција за медиуми  на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Граѓаните во Република Македонија се повеќе осиромашуваат откако СДСМ е на власт. Горивата достигнуваат највисоки цени, а власта не се откажува од зголемувањето на акцизата од 3.5 денари за дизел дериватите.

Кога СДСМ дојде на власт дизелот се продаваше на бензиските пумпи по 46 денари за литар, додека пак сега истиот се продава по цена од 62,5 денари за литар.

Ваквото покачување доаѓа во почетокот на пролетниот период, кога граѓаните имаат зголемена потрошувачкка на горива, како за земјоделските работи, така и за градежни активности, патување и ред  други активности.

Почитувани,

Заев и Пендаровски не водат сметка за граѓаните, тие се водат по максимата на Мира Дизел, која зема по 20 илјади евра за патни трошоци и се исмејува  со граѓаните дека сиромашните всушност и не возат.

Почитувани,

Не запира ни расипништвото на власта. Во ек на избор, на само пет дена пред денот на гласање, власта не задолжува сите нас за нови 39 милиони евра.

Почитувани,

Овие пари се потенцијална сума за поткуп на гласачи.

Целото задолжување на СДСМ во изминативе две години кое изнесува над половина милијарда евра е нерационално и неоправдано, но и неосновано. Граѓаните не знаат каде се потрошени нивните пари. Половина милијарда евра, за пет, десет години од сега ќе треба да ги враќаат некој идни генерации со огромни камати, а притоа од потрошените пари не им е оставено ништо, ама баш ништо во наследство на тие идни генерации кои што ќе треба да ги раздолжуваат долговите кои што во моментов ги прави СДСМ.

Заев и Пендаровски мора да одговараат за ова расипништво. Власта мора да каже каде се потрошени парите на граѓаните, што е направено со нив или пак да кажеле во чии џебови завршиле овие пари.

Ја повикуваме Антикорупциската комисија да го испита случајот со задолжување на владата во ек на изборна кампања, како и внимателно да го следи процесот на располагање со парите од истото задолжување.

ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека целиот процес го набљудуваме и ќе го набљудуваме со големо внимание и верувајте дека одговорност за секое незаконско делување ќе има.

Додека пак граѓаните нема да го сменат мислењето дека СДСМ треба да си оди од власта и дека СДСМ, Зоран Заев и Стево Пендаровски на овие избори ќе изгубат.

Поврзани вести

Најгоре