Митески: Илјадници евра наши пари беа фрлени во вода за приватната забава на Златко Марин на која доживеа дебакл

Интегрален текст од изјава за медиуми на Дејан Митески, Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром

Почитувани,

Вчера вечер сите бевме сведоци како илјадници евра наши пари беа фрлени во вода, за приватна забава на Златко Марин, посетена од едвај педесетина луѓе.

Наместо да сработи нешто корисно за општина Аеродром, градоначалникот веќе две недели се занимава исклучиво со роденденската прослава, на која доживеа дебакл.

Дали Златко Марин имал финансиски интерес од организација на прославата? Kако е ангажирана фирмата за озвучувањето и осветлувањето на роденденот, имајќи во предвид дека општина Аеродром имаше два неуспешни тендери за избор на фирма која ќе го намести истото? На кој начин се ангажирани изведувачите? На чија сметка се уплатени парите од спонзорите на роденденот, имајќи во предвид дека од страна на Советот на општината не е донесена одлука за примање на спонзорства и донации? Ова се прашања на кои градоначалникот е должен да ги одговори. Иако истите му беа поставени како советнички прашања, Марин избегна да им одговори на советниците, па затоа вака јавно го прашуваме.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за сите овие прашања и нелогичности ќе поднесе претставка  до Државната комисија за спречување на корупцијата, со барање да го испита овој случај и да поведе соодветни законски постапки.

Драги сограѓани,

Златко Марин е ист во лагите и во сомнителното работење како Зоран Заев и Стево Пендаровски.

Ние не сакаме општина и држава која ќе биде уништувана од разно разни политичари, чија единствена цел е злоупотреба на власта за лични интереси.

Аеродромци ги препознаваат лагите и манипулациите. Гласот за Стево Пендаровски е глас за поддршка на Зоран Заев, Петре Шилегов и Златко Марин.

Затоа сите масовно ќе ја поддржиме Гордана Сиљановска Давкова за Претседател на Република Македонија.

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...