Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, вечерва гостуваше во емисијата „Топ тема“ каде дебатираше за најновата анкета на „МЦМС“ за претседателски избори.

-Има доста контардикторности и несовпаѓања особено во споредбите кои што се правени подолу во самата анкета. Меѓутоа и изненадува и влезот на самата анкета во однос на излезеноста. И можам слободно да кажам дека ненормалниот низок праг на неопределени на „не знам“ или „одбива да одговори“, што досега не било случај и воопшто и не знам колку можеме да се потпреме на овие резултати, истакна Јанушев.

Додаде дека според анкетата, ќе има над 68% излезеност што е невозможно да се случи на овие избори.

-Од друга страна од она што можев да видам, анкетите не се воопшто пресликани, адаптирани на реалната ситуација во Република Македонија. Зошто? Бидејќи ова е земено дека во Република Македонија запишаните избирачи се нешто на 1 милион и 800 илјади и на нив се аплицирани процентите од кои ги имаме од последниот попис, каде што бројките од сега воопшто не соодвестуваат, нагласи Јанушев.