Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ гостуваше во денешната емисија „Топ Тема“ каде што главна тема беше најновата анкета на МЦМС за претстојните претседателски избори.

Блерим Река има 41% близу 42% на Албанците, а Стево има 20% кај Албанците. Ако одиме по овие бројки треба Блерим Река со овие 40 и кусур проценти да извади колку 200.000 албански гласови? Или Стево со овие 20%, 100.000 албански гласови, запраша Јанушев.

Јанушев на ова потенцира дека треба да се знае анкета на која математика се прави. И кој е самиот влез во оваа анкета. Тој кажа и дека граѓаните на 21-ви април ќе ја дадат најточната анкета.