Јорданов: Градоначалникот две години ги манипулира жителите на населбата Ново Село

Интегрален текст од изјава за медиуми на Иван Јорданов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

 

Се наоѓаме во Ново Село. Овде градоначалникот, неколку пати до сега во овие две години се сликаше и манипулираше дека интензивно се работи на уредување на коритото на река Отиња и дека истото е во завршна фаза. Во прилог на ова на јавноста и приложуваме неколку фотографии.

Ова е евидентирано на 1 март 2018 година. Исто така, од ова место е евидентирано дека на 17 август 2018 година, на истото ова место е приложено и прикажано одвивање на градежни активности со цел уредување на коритото на река Отиња.

Замислете, две години се манипулира дека се уредува коритото во должина од 300 метри, кое беше оставено да се доврши од претходната власт. Жителите на оваа населба знаат дека се заборавени и излажани од страна Локалната самоуправа и градоначалникот.

Почитуван Градоначалник,

Крајно време е да бидете барем еднаш одговорен пред граѓаните и да смогнете сили конечно да го завршите она што некој пред вас го оставил. Ве замолуваме да го сторите тоа не затоа што ние ви укажуваме, туку затоа што граѓаните го очекуваат и го бараат тоа од Вас.

Поврзани вести

Најгоре