Додека луѓе умираат и државата не може да излезе од состојби на епидемии Филипче во работно време оди по партиски митинзи на Стево Пендаровски

Соопштение до јавноста

Додека луѓе умираат и државата не може да излезе од состојби на епидемии Филипче во работно време оди по партиски митинзи на Стево Пендаровски.

Амбулантите и болниците се пред распаѓање, Филипче наместо да се грижи за инфраструктурата во здравството, како и за вработените, тој се шета по митинзи и тера политика.

Додека граѓаните не можат да добијат основна здравствена услуга за парите кои редовно ги уплаќаат во државната каса, Филипче ги заборава и се грижи за кампањата на Пендаровски.

Граѓаните очекуваат од Филипче да се грижи за здравството, работа за која зема плата од буџетот, а не да биде партиски промотор на Пендаровски.

Господине Филипче наместо по митинзи да се шетате и сликате, кажете им на граѓаните до каде е изградбата на новиот клинички центар, кој доколку продолжеше по проектот на ВМРО-ДПМНЕ сега ќе беше во напредна фаза на реализација, до каде е клиничкиот центар во Штип, зошто се уште нема бесплатно болничко лекување за сите, каде е платата од 100.000 денари за лекарите, зошто нема лекови во аптеките и уште многу работи кои се ваша обврска.

 

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...