ВМРО-ДПМНЕ одржа комеморација за Билјана Беличанец

Соопштение до јавноста

Денеска, 10.04.2019 година, во Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, беше одржана комеморација по повод трагичната смрт на Билјана Беличанец , актерка, политичар и поранешна градоначалничка на општина Кисела Вода од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

На комеморацијата свои проштални говори имаа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателката на УЖ Благица  Ласовска, како и поранешната претседателка Даниела Рангелова, но нејзиниот колега од театарските штици Роберт Велјановски. Присутни беа голем дел нејзини колеги, соработници, членови на нејзиното семејство.

Во своето обраќање, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски преку цитатат на Шекспир ја опоша Беличанец, тој рече:

– Шескпир рекол „Не плашете се од големината: некои луѓе се раѓаат големи, некои стекнуваат големина, а на некои им доделена.“ Билјана беше дел од првата категорија на луѓе, тие кои се раѓаат големи. Таа беше предодредена да биде голема. И тоа не само во својата професија, туку и како човек, пријател, соработник. Професионалец. Поседуваше редок и раскошен талент, огромен човечки габарит. Во нејзе се судруваа контрастите на бесконечната насмевка, детската чистина, и огромната и нескротлива желба да ги направи луѓето околу себе среќни, задоволни, исполнети, дури и би рекол нештедејќи се себеси, жртвувајќи се за да измами насмевки, среќа, задоволство кај другите.

Мицкоски посочи дека Беличанец лавовски се борела и во општината, додека била градоначалничка на Кисела Вода, општина која имала големи проблеми, при што успеала да направи многу.

Драга моја Беличанец, во овие моменти ние ја продолжуваме битката за која ти говореше далеку пред времето. Потрагата по правдината, чесноста, мечтаењето, тагувањето и радувањето, кажа Мицкоски.

Тој го заврши  своето обраќање со повик за еден огромен аплауз наместо молк, затоа што како што рече остануваме да го славиме нејзиното дело и име.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Најгоре