Мицкоски во Шуто Оризари: Залудни се говорите за висока политика, кога тука луѓето едвај врзуваат крај со крај- ова мораме да го смениме

Го посетив Шуто Оризари. Имав срдечна средба со граѓаните од оваа скопска општина. Ми ги пренесоа многуте нерешени проблеми со кои се соочуваат. Додека премиерот вели дека блескаме како земја го поканувам да ја посети оваа општина, каде граѓаните се борат да преживеат. Тешкиот живот присутен насекаде е и овде, на само неколку километри од центарот на Скопје, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.

-Овде блескаат само проблемите, а се оди напред само во сиромаштијата и тешкиот живот.
Шуто Оризари е поразот на оваа влада, и примерот како се живее и во сите други места во државава. Залудни се говорите за висока политика, кога тука луѓето едвај врзуваат крај со крај. Ова мораме да го смениме. Мора да се донесе правдата, да победи волјата на граѓаните, додава Мицкоски.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...