Ако навистина беше важен овој закон за јавнот обвинителство власта ќе ни го дадеше на разгледување во ноември, декември, а не сега во март и ни велат ајде сега да го усвоиме. Тоа е понуда, земи или остави. А ние велиме ние сме овде, они овде и ајде да се најдеме во средина. Веруваме во правдата, и треба да преговараме, рече Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ на гостување на телевизија АлсатМ.

-Ние сме за преговори, но ако имаме еден закон за кој ни велат земи или остави, тогаш што ќе им е опозиција. Тука ја имате класичната потврда дека она што го мисли Зоран Заев, го кажува Стево Пендаровски. Тој тоа го говори на митинзи дека овој закон е за пресметка со политички неистомисленици, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го цитираше Пендаровски и укажа на реториката на Пендаровски на митинзите.

-Вели на митинг Пендаровски „ќе правиме двотретинско мнозинство“. Они може да направат на сила како што правеа кога го менуваа Уставот, но никој нема да верува дека законот е направен како дел од реформи во правосудство, зошто закон ќе служи за политички реваншизам, рече Мицкоски.

Токму затоа, укажа Мицкоски, многу е важно овој закон да се легитимира и од опозицијата, дури тогаш ќе можеме да збориме за реформи во јавно обвинителство и судство.