Мицкоски: Нема во Европа со „едно евро за Вицето”

Соопштение до јавноста

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска ги посети населените места Центар Жупа и Ростуше.

Мицкоски истакна дека најголемиот проблем со кој се соочуваат граѓаните во овие население места е токму иселувањето на луѓето, кои си заминуваат поради безперспективноста.

Тој посочи дека тука не минуваат приказните на Зоран Заев и Стево Пендаровски за некаква си розева  слика и реалност и европската иднина која цело време ја ветуваат, но никако не може да ја донесат.

Во Европа со амнестирани криминалци нема, во Европа нема со криминални иновации, со евро за Вицето и евро за црквата, вели тој.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека овие луѓе живеат жално секојдневие, а уште пожална е нивната иднина со Заев и СДСм на власт.

Мицкоски истакна дека државата пропаѓа и се уназадува на секое поле, младите масовно се иселуваат, а на овие црнила  мора да им се стави крај.

Затоа мора да се даде надеж, да се донесе правда, да се победи стравот и да се верува дека Македонија ќе успее. А ние заедно ќе го оствариме тоа, потенцираше тој.

 

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...