Мицкоски: Вие господа од СДСМ чекорите кон иднината со вреќи полни украдени пари, а ние сакаме да чекориме кон иднината, достоинствени искрени и честити

Соопштение до јавноста

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на митинг се обрати пред граѓаните во Кичево.

Мицкоски пред присутните потенцираш дека на 21 април, победува кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова, потоа таа победа ќе биде потврдена на 5 мај, а потоа ВМРО-ДПМНЕ победува на предвремените парламентарни избори, победува коалицијата која е со народот.

Ние господа од врхушката на СДСМ, сме различни од вас. А зошто сме различни сега ќе ви кажам. Различни сме затоа што нашата последна мисла пред да заспиеме е за народот и за Македонија. Нашата прва мисла кога ќе се разбудиме е за народот и за Македонија. И секојдневно меѓу себе дебатираме што можеме ние да сториме за овој преубав велик народ и оваа преубава татковина Македонија. А вие господа од врхушката на СДСМ, мислите на народот и на татковината од избори на избори. Е тоа не прави нас и вас различни, истакна тој.

Мицкоски запраша што  направи СДСМ за Македонија и посочи дека тие треба да побараат извинување од кичевчани и граѓаните во Република Македонија за сите неправди кои ги нанесоа.

Вие господа од СДСМ чекорите кон иднината со вреќи полни украдени пари, а ние сакаме да чекориме кон иднината, достоинствени искрени и честити. Вие господа од СДСМ ја сакате иднината за да се богатите, а ние сакаме богата татковината и богати граѓани заедно да чекориме во иднината. Вие господа од СДСМ би се откажале од минатото затоа што минатото како сидро ве влече и не ви дава да одите кон иднината, а ние господа од СДСМ се гордееме со нашето минато, со нашата историја и со нашата традиција кои се наше едро во кое дува ветер и грабиме цврсто кон иднината, ама онаа честитата иднина. Ние господа од СДСМ ги велиме нашите сограѓани браќа и сестри, почитувани, добри луѓе, а вие господа од СДСМ како да заборавивте кога ги нарековте стока, а потоа ги нарековте и сурати.  вели Мицоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека ова граѓаните нема да го заборават, а СДСМ цената за ваквите навреди упатени кон граѓаните ќе го наплати сега на 21 април, тоа овој народ нема никогаш да го заборави.

Наместо да продолжите да ширите лаги ширум оние полупразни плоштади, училиши сали и седенки на клупа, потребно е од прв до последен да излезете и да им се извините на нашите сограѓани, што така ги нарековте. Да им се извините и за транзицијата и за целата пљачка која што ја направивте во Македонија, за сите човечки судбини кои што денеска живеат лош живот, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој забележува дека СДСМ има проблем со самото себе, додека граѓаните имаат проблем со нив, проблем кој набрзо ќе биде решен на 21 април и на 5 мај.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се осврна и на начинот на кој што Стево Пендаровски беше избран за кандидат за претседател на СДСМ на мафијашки стил во еден скап хотел, а кандидатот беше именуван од деспотот Зоран Заев.

Мислите дека сте ја направиле најголемата коалиција во Македонија. Не вистината е дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата За подобра Македонија се најголемата коалиција во независна Република Македонија, а сета сила на таа коалиција ќе ја почувствувате многу скоро, додаде тој.

Мицкоски вели дека неправда е кога СДСМ како опозиција редеше чевли пред владата, а сега кога е на власт и кога иселувањето е поголемо од било кога, не прави ништо за истото да го спречи. Неправда се неостварените ветувања за младите, додаде Мицкоски.

Неправда е кога како опозиционер на земјоделците им ветувате загарантиран откуп , им ветувате поголеми субвенции им ветувате поддршка и помош, а денеска кога ќе прошетам низ Македонија чемер и јад слушам од земјоделците, вели тој.

Мицкоски истакна дека неправда е кога ќе ветиш поголеми плати за докторите и нема да исполниш, а тие си заминуваат од Македонија и ќе ги полнат болниците во Европа и Светот.

ВМРО-ДПМНЕ ја подготви и изработи невидена досега, незапаметена изборна програма која што се темели на три столба. Првиот столб е мерки за зголемување на квалитетот на живот на нашите граѓани. Вториот столб, економија, нови работни места, образование здравство, земјоделие, мирен достоинствен живот за пензионерите. И третиот столб македонизмот, да го вратиме македонизмот во Македонија. Да си го вратиме македонизмот без разлика на нашата етничка припадност и да ја направиме нашата мила Македонија горда повторно, заврши лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

 

 Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Најгоре