Честитка од Претседателот Мицкоски по повод 8-ми април Светскиот ден на Ромите

 Почитувани припадници на Ромската заедница,

 

Дозволете ми, во мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ, на сите припадници на ромската етничка заедница, да Ви го честитам Меѓународниот ден на Ромите, 8 Април.

 На овој ден Република Македонија ја одбележува  културната специфичност и традиција на ромската заедница која е една од најстарите на нашата територија.

 За нас, Ромската заедница е нераскинлив дел од македонското мултирелигиско, мултијазично и мултиетничко општество.

 Како во минатото така и во иднина ВМРО-ДПМНЕ напорно ќе се залага за унапредување на социо-економскиот статус, политичката и културната позиција на Ромите во општеството.

 Потребна е поголема поддршка за подобрување на социјалната, економската и севкупната положба на Ромите во Република Македонија, бидејќи само со инклузија на Ромите ќе ги надминеме предизвиците со кои се соочуваат Ромите денес во Република Македонија.

 Цврсто сум убеден дека во иднина ќе го продолжиме со  концептот на почитување на сите заедници во државата и одржување на стабилно и одржливо мултиетничко општество.

 Искрено, на сите припадници на ромската заедница им посакува добро празнично расположение, многу здравје, љубов, успех и благосостојба во Вашите семејства.

 Нека Ви е честит 8 април – Меѓународниот ден на Ромите!

           

Со почит,

Христијан Мицкоски,

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...