Стоилковски: СДСМ тоне во изборно беззаконие и самоволие

Почитувани,

СДСМ тоне во својата криминогеност и злоупотреби на власта, тоне во трговијата со влијание, тоне во заштитата на сопственото беззаконие.

СДСМ од позиција на власт спроведува самоволие и не го почитува и го крши изборниот законик чии што измени се донесени неодамна заедоно со пратениците на СДСМ. Според Законот во изборен период, кој се смета од денот на распишување на изборите, во случајот 08 февруари кога беше потпишано решението за распишување на шестите претседателски избори, НЕ СМЕЕ :

  • да се вршат исплаќања на плати, пензии, социјална помош или други исплати и материјални надоместоци од буџетски средства или од средства на јавните фондови кои не се редовни месечни исплати … ниту да се отуѓува државен капитал ниту да се потпишуваат колективни договори и
  • да се започне постапка за вработување на нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции, а започнатите постапки се ставаат во мирување, освен во случаи на итни и неодложни работи.
  • да се започне изградба со средства од буџетот или од јавни фондови или со средства на јавни претпријатија … на нови објекти во инфраструктурата како патишта, водоводи, далноводи, канализација, училишта, градинки и други објекти, освен ако се работи за реализација на годишна програма; тоа стои во изборниот законик член 8А.

Почитувани,

СДСМ е фатена во кршење на најмалку две од трите забрани коио што ги посочив. До ДКСК поднесени се 12 приговори за случаи кои не може а да не се предмет на разгледување како корупциски. Има кршење на изборниот законик и има коруптивно однесување.

Ќе наведам дел  од овие случаи, кои како настани се пренесени во медиумите.

Ова е списокот на поднесени приговори за постапување за ДКСК и тоа

Јавен повик за практиканство од страна на Агенцијата за вработување од 25 февруари.

Градоначалникот Саша Богдановиќ подели 150 пакети со основни животни намирници на социјалјно загрозени семејства на 11 март.

Јавен повик од 11 март од Град Скопје за субвенционирање за купување велосипеди.

Реконструкција на дел од улицата Јури Гаргарин во Козле Општина Карпош.

Јавен повик за субвенционирање на клима уреди инвертори од Град Скопје.

Прес на градоначалникот на Штип од 9 март Бочварски Благој за градежна офанзива во Штип дека продолжувала за асвалтирање на улици што е спротивно на овој закон.

Јавен повик за доставување барање за косистење на средства од мерките за воспоставување на локални акциски групи и реализација на стратегии на локален развој на рурални средини од страна на агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој од 19 март

Јавен оглас за финансиска подршка на здруженија и фондации од Генералниот Секретаријат од Владата

Во касарни се работи на тротоари ивичњаци и канализација во полн ек е изградба на инфраструктурни зафати на улици и тротоари

Вршителот на должност градоначалник во Ново Село дава согласност за вработување на 10 вработени.

Има вработување во македонија пат.

Ромските партии имаа прес за подршка на Стево пендаровски во Општина Шуто Оризари и низа други преставки

И ова не е се почитувани, власта бесрамно тргува со влијание што е криминогеност во делот корупција, тргува со влијание со земјоделците – имено на 4 и на 5 април во ек на изборна кампања се пофалија дека ги исплатиле долговите кон 2000 лозари, долгови преземени од винариите. Одлуката на владата за обештетување беше донесена на вонредна седница на владата во очи на распишување на изборите, буквално часови до распишувањето претседателски избори. Внимавајте се работи за 2.000 земјоделци на кои им се дадени пари НАД 1 МИЛИОН И 250 ИЛЈАДИ ЕВРА од буџетот при започната кампања. И тоа не може да се гледа подалеку од коруптивно однесување.

Почитувани,

Ја користам можноста да одговорам и на обвинувањата од СДСМ за лажни вести за односот на функционери од СДСМ и на други функционери на власта кон ДКСК. Иако од СДСМ велат дека се доставени сите пријави на функционери до ДКСК согласно законските обврски; Антикорупциска во свое образложение вели дека не поседува документи и информации за најмалку 19 функционери согласно законот за спречување на корупција и судир на интереси.

Во однос на бараните документи кои се однесуваат на лица беше констатирано дека ДКСК не располага со бараните информации и документи а за кои че наведам дел од нив.

Документи за претседателот на Собранието Талат Џафери.

Државниот секретар во Министерството за локална самоуправа Кирил Парталов.

Директорот на Рудници РЕК Битола Душан Вукадиевиќ.

Директорот на МЕПСО Сашо Василевски.

Градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јовановски.

Градоначалникот на Општина  Шуто Оризари Курто Дудош.

Министерот за економија Крешнир Бектеши и низа други звучни имиња кои што немаат доставено барани материјали од страна на ДКСК. Ќе ви ги покаам и повеќе пријави до комисијата поднесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ за кои што треба да се разгледуваат за нивното однесување во изборниот период и кршњењто на изборниот законик

Почитувани, ова само покажува дека на државата и е потребно Право и е потребна Правда и токму овие два збора ќе победат на претседателските избори и веднаш потоа на предвремените парламентарни избори.

Поврзани вести

Најгоре