РЕК Битола и АД ЕЛЕМ две години чекаат инвестиции од власта, а инвестиции нема

Соопштение до јавноста – реакција на изјавата на Зоран Заев

РЕК Битола и АД ЕЛЕМ две години чекаат инвестиции од власта, а инвестиции нема. За Заев беше поважно парите од РЕК  Битола да ги испумпува преку сомнителни тендери, кои ги добиваа фирми кои се поврзуваат со Вице Заев, отколку истите да ги инвестира во производствените процеси.

Заев имаше две години да направи било каква инвестиција во РЕК Битола, но тоа не го стори, затоа што капиталните инвестиции не му се приоритет, не му се ни сега, туку во изборна кампања ги лаже граѓаните.

Заев лажеше две години и не направи ниту еден проект. Заев лаже и сега. Стево Пендаровски се 102.5 % исти. Заев лаже и Стево лаже.

На Зоран Заев и на Стево Пендаровски не може да им се верува.

Десетина пати само во текот на оваа година во времетраење од неколку денови имаше испади на блокови во РЕК Битола, секој испад ја чинеше државата над 200.000 евра. Бројот на испади откако е СДСМ на власт е огромен, а штетите по државниот буџет огромни.

Зоран Заев и власта не знаат да менаџираат со енергетскиот сектор. Во текот на минатата година поради нивната неспособност неколкукратно беше поплавено охридското крајбрежје, како и населените места покрај реката Црни Дрим. Доколку власта квалитетно менаџираше со енергетските ресурси на државата приносот во буџетот ќе беше поголем, а зависноста од увоз на струја помала.

Заев и СДСМ не знаат да менаџираат со енергетскиот сектор. Заев и Пендаровски се различно лице на иста паричка. СДСМ мора да си замине. Заев и Пендаровски не смеат да управуваат со државата.

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...
Најгоре