Ѓорчев: Македонија буквално умира, бројот на бебиња во јануари е намален за невидени 20 проценти

Почитувани,

Месечниот статистички билтен на завод за статистика на Република Македонија изнесе фрапантен, загрижувачки податок за пад на родените бебиња во Македонија во месец јануари во однос на месец јануари минатата година од 19 проценти.

Падот изнесува:

  • 2018 година јануари 1.861 бебе.
  • 2019 година јануари 1.512 бебиња.

Падот уште еднаш заокружено е од 1.900 бебиња на 1.500 бебиња. Станува збор за невиден досега фрапантен пад во бројот на родени деца во Македонија во една година од 20 проценти.

Ако ова не е загрижувачки, тогаш не знам што е. Овие податоци зборуваат и кажуваат дека Македонија умира, дека Македонија исто така исчезнува. Дека стануваме држава и земја без народ.

Зоран Заев, Стево Пендаровски и Мила Царовска треба да кажат неколку збора за овие теми не само неколку збора. Потребна е итна седница на Влада, затоа што кога ќе се појави и кога има демографска рецесија од речиси 20% во една година тогаш тоа е знак за узбуна. Тоа е знак за тревога. Тоа значи дека нешто и тоа како не е во ред во државата. Уште еднаш ќе ви речам падот на новородени деца е од 1.861 дете на 1.512. Пад од 19%, рецесија од 19 проценти, ова е буквално демографска катастрофа. И гледаме дека никој со прст не мрднува. Гледаме дека Мила Царовска секој ден дава изјави, секој ден се слика и исто така и Зоран Заев исто така и Стево Пендаровски.

Господине Пендаровски, во Вашата кампања пред 5 години слоганот беше „Демографија и економија“, сега кога ја имате Вашата влада што Вас Ве поддржува и Вие ја поддржувате. Имате негативни рекорди како никогаш досега во последните 70 години. 70 години немало полош месец во Македонија.

Исто така би изнел уште еден податок, а тоа е дека согласно прелиминарните податоци кои што конечни и ревидирани податоци ќе бидат изнесени во месец јуни. 2018-та година е најлоша демографска година во историјата на Македонија. Прелиминарните податоци зборуваат за 21.666 родени бебиња. Никогаш помалку во Македонија. Во однос на 2016-та година падот изнесува од фрапантни 6%. Падот е речиси 1.400 родени бебиња. Ова се катастрофални бројки, овие бројки човекот го остануваат без текст. Овие бројки значи дека ќе имаме празни училишта, дека нема да може да се потполни пазарот за работната сила. Овие бројки значат дека Македонија се иселува како никогаш досега.

Македонија од периодот од 2006-та до 2016-та година беше единствена земја во Јужна Европа од Португалија преку Шпанија преку Италија до Балканските земји која што имаше раст на родени бебиња 2.8%. Од 22.585 на 23.002 бебиња тоа беше огромен и голем успех. Од 2.8%, а сега во една година имаме пад од 20%.

Ова е буквално катастрофа за која што јас немам зборови.

Имаме податок на Амбасадата на Сојузна Република Германија која што вели дека се издаваат 75 визи дневно. За Германија не се потребни визи, не се работи за визи за патувања се работи за визи за иселување и за работа. 75 дневно. Швајцарија вели дека месечно оперираат со од  500 до 700 визи. Исто така не се потребни таму за посета и патување туку визи за работа. Тоа се околу 8.000 заминати само во Швајцарија годишно. Во Македонија се случува невиден егзодус. Секогаш имало иселување, секогаш имало луѓе кои што заминуваат, но ова што се случува во моментов, е невидена демографска, економска и секаква катастрофа во Македонија. Бројките тоа го докажуваат. Ова се се бројки кои што ги изнесов во делот на родени бебиња од статистичкиот билтен од заводот за статистика.

Претходно секогаш број на родени бебиња во јануари изнесувал 1.700, 1.800, 1.900 но да спадне бројката на 1.500 тоа значи дека катастрофа се случува во Македонија.

Уште еднаш ако треба за вашите прилози да го скратам во триесетина секунди би било следново:

На Македонија со оваа власт и се случува невидена демографска катастрофа. Бројот на бебиња е најмал откако постои статистика и историја во Македонија. Само во јануари оваа година падот на родените бебиња во однос на минатата година е речиси 20%. Тоа е демографска катастрофа на Зоран Заев, Мила Царовска, Стево Пендаровски и нивните 28 министри.

Македонија исчезнува, државата се празни. Македонија умира. Бројките се покатастрофални од колку било кога. Можеме да одиме 70 години наназад ова никогаш нема да го видиме. Тоа во моментов се случува.

Ете тоа се бројките кои што сакав да ги кажам, можам уште доста статистики да ви кажам но навистина катастрофално и поразително, стануваме земја без народ. Се селат сите, се селат луѓе и од Скопје, и од Полог, и од Пелагонија, и од Малешевијата и од централните делови на Македонија. Ние во Македонија веќе не дискутираме да се отвори некаде фабрика, абер нема. Имавме ситуација каде што секој месец во Македонија се отвораа фабрики, а сега, сега само броиме колку насади за марихуана има семејството на премиерот.

Тоа е катастрофата што ни се случува.

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...
Најгоре