Мицкоски: СДСМ изгуби чувство за реалноста

Ние имаме свои автентични политики, кои се обидуваме на граѓаните да им ги презентираме. За жал, од владејачката СДСМ и Зоран Заев се уште не се излезени од онаа матрица 2014-2015-та година, тоа е онаа матрица со која ги изгубија оние предвремени парламентарни избори во 2016-та, но за тоа што следеше подоцна јавноста е сведок, еве денеска се влада, но се уште мислат дека се наоѓаат во 2015-тата и 2014-тата година, без да понудат реален коцпет, без да понудат конкретни политики со кои ќе ги решат реалните проблеми на граѓаните, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за битолската ТВ Тера.

-Она што го гледаме денеска е навистина траорно, жалосно, луѓето се депримирани, луѓето се разочарани, масовно ги напуштаат своите огништа и домови, се селат надвор од Република Македонија. Така што сето она што беше понудено и ветувано од страна СДСМ и Зоран Заев пред таа 2016-та година, гледаме денеска се повторува, како да ја загубиле реалноста и како да ги загубиле улогите, тогаш биле опозиција, но денеска од оизиција ан власт се однесуваат повторно како да се опозиција. Погрешна политика, за жал граѓаните губат, за жал Македонија губи и на крајот од денот резултатите се поразителни, изјави Мицкоски.

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...