Речиси нема член на семејството на Мира Дизел кој не е вработен, додека студенти со просек 10,00 едвај скрпуваат први со први во руинирани студентски домови, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за ТВ Тера.

-Неправдата во Македонија зафаќа епски размери, Неправда е кога вие како опозиционер шетате по плоштадите и ветувате дека ќе изградите 500 километри автопат, а кога ќе станете премиер, не можете ниту тие кои 80% биле готови да ги дозавршите. Неправда е кога им ветувате на граѓаните дека ќе изградите нови студентски домови, ќе направите реформи во образованието, а гледате дека студенти со просек 10,00 едвај врзуваат крај со крај, од 1-ви до 1-ви, скрпуваат во оние полуруинирани, руинирани студентски домови, додека семејство на Мира Дизел, практично не постои веќе невработен член во нејзиното семејство, рече Мицкоски.