Георгиевски вие заборавате ама граѓаните не забораваат што им ветувавте

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Злата Ташевска

Претстоечката изборна кампања за претседателските избори го раздвижи и градоначалникот на општина Гази Баба, Борче Георгиевски. Конечно се одважи да го напушти својот кабинет и предизборно да се фотографира со тековни активности кои се минимални во споредба со неговите ветувања за време на локалните избори.

Господине Георгиевски вие заборавате, но граѓаните не забораваат и бараат да го исполните она што сте го ветиле и за кое плаќаат даноци. Добро би било да им одговорите на граѓаните од урбаната заедница Керамидница до каде е изградбата на училиште и детска градинка, до каде е изградбата на базенот во урбана заедница Хиподром, изградбата на градинките во Сингелиќ, Инџиково и Трубарево. Поминува и втората година од вашиот мандат, а нема ниту една тула од најавените катни гаражи како и ветените водоводни и канализациони системи во руралните средини во општината. Како планирате да ги завршите овие ветени проекти до крајот на мандатот кога ги немате ни почнато.

Господине Георгиевски оставете ги претседателските избори, не сте избран и платен за да учествувате во нив. Не го затскривајте вашето неработење со појавување во предизборната кампања. Од вашиот избор за градоначалник на општина Гази Баба, граѓаните не го забележуваат вашето присуство на терен освен во удобната градоначалничка фотелја. Имате обврска да работите цело време и во интерес на сите даночни обврзници, а не само во интерес на вашата партија.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...