Функционерите од власта не ја почитуваат Антикорупциска и не и одговараат за вработувањето на нивните роднини

Интегрален текст од изјава за медиуми на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Пoчитувани,

За СДСМ нема ниту закон, ниту институција. Македонија нема да отпочне преговори со ЕУ бидејќи СДСМ и власта се заглавени во криминогеност и корупција, а затоа не сакаат да има отчетност. И Заев и неговите послушници од кланот кријат информации од ДКСК, кријат бидејќи се фатени на дело. Повеќе од цел месец функционери не и одговараат на комисијата, кои и каде се вработени нивни роднини.

Почитувани, од Комисијата е побаран список, информација за 23 лица, за роднини со звучни презимиња, а во врска со непотизам, а Антикорупциска обезбедила известувања само за четири од наведените 23 барани информации за  функционери.

Значи, по барањето од Антикорупциска, најмалку 19 функционери од власта не доставуваат информации за вработување на нивни роднини, за можен непотизам. Ако за нив закон нема, тоа значи дека за нив ништо не е задолжително, нема држава, нема институции што може да ги казни. Опфатени со плаштот на селективноста, сметаат на плаштот на неказнивоста. Веројатно исто како оние другите стотиците за кои ВМРО-ДПМНЕ поднесе претставки до ДКСК.

Според Антикорупциска „Во однос на бараните документи кои се однесуваат на другите лица, станува збор за овие 19 од листа од 23 функционери за кои што граѓанско лице има поднесено барање за информации во врска со непотизмот. Констатирано е дека Државната комисија не располага со бараните информации/документи! Ова е одговор од Комисијата која што е ставена во незгодно да не може да одговори во врска со барањето, доставување на информации и документи од страна на граѓанин до ДКСК! Информации кои што се од јавен карактер и треба да бидат достапни.

Така што меѓу лицата кои сакам да ги прочитам за кои што се бараат информации, а не ги доставуваат до ДКСК тоа е пратеникот Емилија Александрова од Берово, претседателот на Собранието Талат Џафери, државен секретар на министерство за локална самоуправа Кирил Парталов, а потоа градоначалникот на Општина Новаци. Оваа листа продолжува со директорот на рудници РЕК Битола Душан Вукадиевиќ, па директорот на МЕПСО Сашо Василевски, потоа градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јовановски за вработување на тројца роднини, па градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш за вработување на сопруга, чичко, тетин, први братучеди, една сопруга на братучедите, како и еден внук на градоначалникот. Како и министерот кој што не поднел своја листа до Комисијата за антикорупција, министерот за економија, Крешник Бектеши за вработување на сестрата, Дора Бектеши во МЕПСО. Тоа се само дел од неколкумина кои што немаат поднесено и не ги почитуваат барањата, односно законот за доставување на информации од јавен карактер до ДКСК, ставајќи ја нејзе во незгодна позиција.

Почитувани,

Повеќе од еден месец, министри, пратеници, градоначалници советници, не ја фермаат комисијата, не поднесуваат документи, сметаат на заштита. Заштита токму од оној кој што декларативно, јавно ги повика да пренесат на роднините да си заминат од работните места.

ДКСК мора да покаже интегритет, јавно да ги објави функционерите од СДСМ кои што одбиваат да и одговорат, да и бидат доставени нови пријави во однос на вработувањата на своите роднини. Зашто и се обврзани со закон, но и бараме Антикорупциска да покрене прекршочна постапка против овие лице кои спротивно на закон не доставуваат информации.

Почитувани,

Функционерите на власта не ја почитуваат Комисијата, веројатно поведени од двајцата нејзини најизразени ликови. Оттука ќе потсетиме, Зоран Заев во својот анкетен лист нема куќа на свое име, а Стево Пендаровски поведен по постапките на Зоран Заев веројатно живее во Југо Темпо од 90-тите години, бидејќи само тоа го пријавил во анкетниот лист! Недвижен имот Стево Пендаровски нема пријавено!

Почитувани, тоа се двете лица на Зоран Заев и Стево Пендаровски, двете лица на иста паричка, тоа се ликовите кои што ја поддржуваат борба со корупцијата пред камери, а заштитуваат непочитување на комисионерите од ДКСК! Тоа е заевизмот, тоа е марионетството, тоа е односот кон правото и правдата, тоа е трговијата со влијание. Македонија никогаш повеќе немала потреба од правда, и правдата ќе победи за Македонија!

Поврзани вести

Најгоре