Ја одбивме понудата на Заев за влез во Владата ако го прифатиме договорот со Грција, затоа што не сакавме да бидеме соучесници во капитулацијата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на митинг се обрати пред граѓаните во Битола.

Мицкоски пред присутните посочи дека и во Битола како и во цела Македонија владее чемер и јад,  граѓаните секојдневно се соочуваат со секакви проблеми и разочарани ги напуштаат своите домови, затоа што наместо животот кој го ветуваше СДСМ донесе пекол, и затоа истакна дека на Македонија и е потребана промена за да се стави крај на заевизмот и сите понижувања и омаловажувања.

– На 21-ви април мора да излеземе масовно и да го подржиме најинспиративниот професор, професорката  Гордана Силјановска Давкова, а тоа да го потврдиме и на 5-ти мај. Тука во Битола најмногу ќе ги боли,  и ќе ги отвори вратите за предвремени парламентарни избори, а тогаш се знае народот  ќе им испорача рекорден пораз и ќе си ја вратиме Македонија кај народот,  нагласи  Мицкоски.

Тој пред присутните му одговори на Заев за трите работи за кои го повикуваат,  прво  за неговата изјава дека ќе направат селфи но доколку се откаже од политиките на ВМО-ДПМНЕ изминатите 11 години и му порача дека како дел од првата и втората генерација на партијата и предводник на третата дека  вмровците не се откажуваат и никогаш нема да се откажат и се борат за секој човек во ВМРО-ДПМНЕ.  Но го  запраша Заев дали тој ќе се откаже од криминалите на СДСМ.

Но вас господине Заев ќе ве прашам дали ќе соберете храброст и да им се извините на битолчани за ТАТ, дали господине Заев ќе имате доблест и храброст да им се извините на битолчани заедно со вашата заменичка која беше тогаш претседател на подмладокот, за октоподот,  дали ќе им се извините за транзицијата, за и уништената та економија,  за луѓето кои што доаѓаа со натажени погледи и си ги гледаа своите чеда бидејќи ќе не можат да им го платат школувањето?,  вели Мицкоски.

Мицкоски  исто така го запраша Заев дали ќе се извини за сторениот криминал од 8 милиони евра за кој беше аболиран, како и за барањето поткуп  „едно евро за Вице, а едно за црквата.

Јас како претседател прифаќам на себе и подготвен сум да се соочам со предизвикот се што било погрешно да го понудам решение за истото, но се што било добро а имало добро да го надградам проширам иновирам и да понудиме заедно сите решенија за подобар живот на нашите сограѓани, да си ги вратиме децата од туѓина, да обезбедиме повеќе работни места, рече Мицкоски.

Втората работа која ја посочи Мицкоски се лагите на власта дека тој нема став за името, и додаде дека уште  во јануари 2018 во клубот на пратеници кога со Заев дискутираа очи во очи му кажал дека ВМРО-ДПМНЕ и народот ова нема да го поддржат,  и за тоа има записник, а потоа истото му го порача и на средбата во март.

– Луѓе гинеле господине Заев за ова парче место. Дојде мај исто така во клубот на пратеници ми рековте решението е Илинденска, ви реков мислете си само, ова е морковот господине Заев. А на дуелот на телевизија му реков допрва ќе видиш што ќе прифатиш. И дојде денот и прифати капитулација затоа што сакаше да прави криминал и да се спаси од затвор. Тоа е вистината. Истиот ден кога прифати беше ослободен за делото Поткуп за Мирчо свињарникот за евро за Вице и евро за црква.  Нашиот став е јасен од многу одамна и неколку пати ти го кажав ние компромис со тие работи не правиме, нас не не интересира криминал и ако лежиме во затвор ќе лежиме за Македонија и идеалите, а не за криминал, потенцираше Мицкоски.

Како трета работа тој се осврна на клеветите од Заев за коалиција и за техничка влада, посочувајќи дека токму во клубот на пратеници во јуни, токму Заев беше тој кој после петчасовна средба понуди  министерски места само за да добие поддршка за промена на името.

После 5 часа ми рече, ајде еве ти влези во владата и бирај кои сакаш 5 министерства само прифати го договорот.  Ти одговорив мојот образ и достоинство како човек немаат цена. Ова не го работам ниту за пари ниту за моќ, не ми треба твоето милосрдие.  Уживај во твојата слава и твоите привилегии затоа што знам дека за пусти пари се работи, затоа не го лажи народот и кажи ја вистината. Нудеше и те одбивме затоа што не сакавме да бидеме соучесници во капитулацијата, затоа што ја одбравме страната на народот од прв ден до последен ден денешен , така ќе биде и во иднина, истакна Мицкоски.

Тој исто така  изјави дека мора да се стави крај на неправдите кои секојдневно ги тиштат граѓаните како и нереализираните ветувања, затоа што студентите живеат во мизерни услови, а тие со 10 просек не можат да се вработат затоа што врие од непотизам, а Мира дизел уште кучето го нема вработено. Исто така додаде дека единствената светла точка со која Заев се фали се инвестициите како Кромберт и Шуберт, по кои претходно ги плукаше.

Воедно тој прати понуда до Заев, веднаш после претседателските да се формира техничка влада и да се организираат предвремени парламентарни избори на есен, каде граѓаните ќе одлучат дали се за проба против заевизмот или за завидлизмот.

Граѓаните да одлучат дали се за борба против заевизмот или се за завидлизам. Ако изгубиме ние јас ќе заминам од политика, но ако изгубиш ти конечно редно време е после петтиот пораз да заминеш на темната страна од политичката историја, охрабри се и прифати го овој предизвик, истакна Мицкоски.

На крајот тој уште еднаш ги повика битолчани масовно да излезат на 21-ви април, а пото на 5-ти мај и да ја поддржат професорката Гордана Силјановска Давкова, за после тоа да може да има предвремени парламентарни избори и да дојде правда и конечно да се стави крај на заевизмот и клиентелизмот во Македонија.

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...