Заев и Пендаровски ниту ги интересира држава, ниту државни симболи, ги интересира само заевизмот и заштитата на криминогеноста на оваа власт

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Почитувани, нема разлика меѓу Зоран Заев и Стево Пендаровски. Двајцата ниту ги интересира држава, ниту ги интересира државни симболи, ги интересира само заевизмот и заштитата на криминогеноста на оваа власт.

Ниту Заев, ниту Пендаровски не ги интересира што била причината за зошто не била интонирана химната, или барем се обидат да го сокријат тоа.

Заев, почитувани, пред некој ден во телевизиско интервју вели дека не знаел ниту дали Република Македонија на ракавите на униформите на воениот оркестар е причина зошто не била интонирана химната на Република Македонија при посетата на Алексис Ципрас.

Пред некој ден, пред два дена вели дека можеби постоела да тоа било причината знакот на АРМ на униформите да била причината зошто не била, меѓутоа вели можеби да постои и таа причина и понатаму посочува дека имало и министер за внатрешни работи кој што според него ја има поголемата улога од врховниот командант на АРМ и Претседател на Република Македонија.

Почитувани,

Но според протоколот мораше потенцирам – „Недопустливо е да се пропушти интонирање на македонската државна химна при посета на премиер од друга земја“.

А, всушност Зоран Заев денеска пред малку признава дека токму тоа било причината зошто химната не била интонирана, зошто изостана гардата, зошто изостана воениот оркестар, а тоа било амблемот на ракавите на воениот оркестар, амблемот на АРМ!

Но, првичниот одговор почитувани отвора многу сериозно прашање – кој раководи со македонскиот протокол? Кој тоа раководел и го подготвувал протоколот при посетат Алексис Ципрас? Има ли одговорен за македонскиот протокол или целиот протокол тоа беше оставено за гостите од Атина?

Почитувани, со ваква власт, со премиер кој што не знае и не се интересирал, или пак лажел за авионот, на прашање  зошто не била интонирана химната на Република Македонија, зошто изостана гардата, оркестарот, воопшто не треба да не чудат оценките од новинарите Грци кои што велат „ја посвоивме Македонија“.

Почитувани,

Во истото интервју Заев јавно посочува дека не го интересира дали Претседателот е врховен командант на македонската армија, за Заев според негови изјави е важно што имало министер кој што тој го контролира. Ете тоа е односот на Заев кон функцијата Претседател на државата, важно му е да има човек кој што го контролира и кој што му го одобрува криминалот во власта, кој што ќе ја одобрува неправдата, трговијата со правдата во Република Македонија.

А, Стево Пендаровски е токму таков – марионета, која вели дека наместо него Заев може да ја води кампањата за Претседател на државата. Бидејќи не се разликувале, биле 102,5% исти, вели Пендаровски!

Почитувани, ваквиот однос, ваквите оценки, го потврдува фактот дека Стево Пендаровски и Зоран Заев се две лица на една иста паричка! Потврдува дека Пендаровски е марионета во рацете на Заев, и дека Пендаровски му е потребен за заевизмот за да тој тече непречено!

Пoчитувани,

На Македонија и е премногу и еден Зaев, еден заевизам, доволен и е еден човек заштитник на неправдата и криминогеноста која извира од власта! На Македонија и е потребна и неопходна правда и правдина. Легитимитетот на претседателот извира од граѓаните на непосредни избори, а Македонија бара право и правда. На овие претседателски избори, граѓаните со гласот за правда ќе го делегитимираат и Заев и заевизмот!

Поврзани вести

Најгоре