Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема намера да штити криминал, власта носи закони со кои дава привилегии за одредени луѓе

На денешната дебата во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија со премиерот Зоран Заев,  лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, рече дека власта на СДСМ прави поделба помеѓу обвинителите во Јавното обвинителство и обвинителите во СЈО.

Мицкоски кажа дека она кое ВМРО-ДПМНЕ го бара е формирање на комисија кое ќе истражи каде се потрошени 15 милиони евра и како се потрошени тие пари, бидејќи од опозицискта партија имале индиции дека парите не се потрошени согласно законите.

-Непринципиелно е едни јавни обвинителни да бидат деноминирани во однос на други јавни обвинители, да земаат три пати поглеми примања. Верувам дека и во постојното Јавно обвинителство имаме потенцијал и капацитет човечки којшто може да направи сериозна истрага и да докаже дали има индиции или нема за сторен криминал, рече Мицкоски

Тој запраша зошто јавните обвинители кои не се дел од СЈО да се три пати помалку платени од оние кои што се наоѓаат во СЈО. Тој рече дека ниту полаку вредат, ниту учеле различен факултет, ниту имаат поинакво искуство. Мицкоски потенцираше дека Законот за Специјално  обвинителство е многу јасен, по завршување на мандатот тие се враќаат во рамките на Јавното обвинителство каде како јавни обвинители ќе се користат нивните искуства и понатаму, но во рамките на ЈО.

-Кога сме кај криминалот, апсолутно ВМРО-ДПМНЕ ниту има, ниту ќе има некогаш намера да штити криминал. ВМРО-ДПМНЕ не носеше закони во рамките на Парламентот кои што беа носени за да бидат задоволени определени членови и припадници коишто биле загрозени од постоечките закони, а со новите закони истите тие да уживаат одредени привилегии. Немаме намера да штитиме било каков криминал, дециден беше Мицкоски.

Тој предложи да му се даде оперативна задача на новиот оддел којшто, според него, ќе биде фузија од ова СЈО и ова постојното одделение на висок криминал да отпочнат сериозна и темелна истрага, не само за период од 2008 до 2015, и после 15-та, но и 2008 година, за да се истражат сите индиции што во јавноста ги фрустрираат граѓаните на Република Македонија, а тие како политичари да го мониторират процесот и да им овозможат на луѓето кои ќе истражуваат, фер терен.

Поврзани вести