– Во текот на денешниот ден до меѓународната заедница и до Министерството за правда е доставена предлог верзијата на амандманите кои што ВМРО-ДПМНЕ ги има, откако во текот на вчерашниот ден Министерството за правда ги прифати принципите кои што беа многу значајни за овој процес да се обнови. Бидејќи најпрвин Министерството за правда не сакаше да се согласи со принципите кои што ВМРО-ДПМНЕ јавно ги соопшти на македонската јавност. А, тоа е правда за секого и правда за сите, не селективна правда и не правда само за поедина група на луѓе. И наредните правила и прописи да бидат фактурирани со сите свои значења, такви како што се, а не како што одговараат и да бидат сечени и лепени, креирани и залепени за новиот закон за Јавното обвинителство и нормално почитување на човековите права согласно Судот за човекови права во Стразбур и согласно препораките на ЕК и согласно препораките на Венецијанската комисија, појасни Мицкоски.