Мицкоски до Заев: Вие им ги избришавте корените на нашите деца!

Дали ние ќе го поддржиме договорот кој што го потпиша СДСМ и Зоран Заев од самиот почеток кажавме дека тоа за нас е капитулантски чин и дека практично на тој начин ние се себеодрекуваме и дека ниту во еден момент не сме подготвени да го прифатиме со оваа содржина каков што е, посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашната дебата на Само вистина на Канал 5.

Според него, со Преспанскиот договор СДСМ и Зоран Заев  не само што не ги заштитила националните и државните интереси туку се одрекла од се што е македонско.

-Тука сме кристално јасни дека таа содржина на договор не само што не  ги заштитува нашите национални интереси туку напротив  вековно се одрекува. Според овој договор ние сме Македонци како во резерват во овие 25 илјади квадратни километри, вели Мицкоски.

Во жестоката дебата Мицкоски му порача на Заев дека ги избришал корењата на неговите и на сите деца.

-Не господине Заев, вие им ги избришавте корењата на нашите деца, нагласи Мицкоски.

Мицкоски, додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе работи напорно и ќе ги исправи сите грешки од договорот, односно како што рече тој ништо не готово иако некои ве убедуваат дека се е завршено.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...