-Јас се уште не сум слушнал во еден пристоен разговор помеѓу двајца соговорници така да си се обраќаат, вели Мицкоски.

Мицкоски во реплика кон Заев истакна дека тој ги претскажувал судските пресуди и ги знаел точно годините на пресудите за осудените, му се заканил на Митко Чавков да бега од државата на прес конференција за кое постои снимен материјал.

-Вашата закана доби ефект господине Заев, вели Мицкоски.

Мицкоски го праша Заев дали се чувствува комотен кога ги гледа сликите од Диво Насеље.

-Заев не ги осуди ни заканите против мене и моето семејство, додека јас јасно истакнав дека сум против насилствата кои се случуваат на 27 април, но имаме луѓе кои што добија по 18 години затвор, а не примениле насилство, а од друга страна имаме повратници од ИСИС кои имаат добиено три пати помали казни, вели Мицкоски.