Мицкоски до Заев: Кога ја говоревте вистината, лани кога славевте дека сме добиле кандидатски статус, или сега кога велите и дека може нема преговори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го праша премиерот Зоран Заев кога ја има говорено вистината дали лани кога славеше дека добил кандидатски статус или пак сега кога говори дека можеби ќе нема преговори.

Кога господинот Заев ја зборуваше вистината, минатата година кога не убедуваше дека сме ја добиле препораката за отпочнување на преговори или оваа година кога ја чекаме. Минатата година кога потрошивме пари славејќи на плоштадите во Република Македонија дата за отпочнување на преговори или сега кога сме во исчекување, запраша Мицкоски.

Мицкоски истакна дека токму во гостувањето во „Само вистина“ се доби информација дека не сме ја добиле препораката туку наративот во извештајот на ЕК работата не била баш како Заев ја пренел на јавноста.

Поврзани вести

Најгоре