-Прво закон за извршување санкции е препишан од стариот со повеќе измени или 417 члена. Во кои за ресолизација на лицата нема подобрување. Туку напротив одземање на право за жалба во случај на репрогусирање  и слично. За вработените мало покачување на платите но со додавање на член со кој што по желба на директорот вработените од затворската полиција мора да бидат испратени во било кој друг затвор во Република Македонија, појасни Димков.

Димков посочи дека за нововработените и директорите, намалени се  критериуми за вработување и концентрација на власт на директорот за извршување на санкции. Укинат е надзорот за државната комисија за извршување на санкции.

-И сметам дека на некој начин свесно и се дава простор на управа за извршување на санкции да нема контрола во барем во еден дел на државна комисија за извршување на санкции, истакна Димков.