СДСМ ја оттуѓи државата од граѓаните и предизвика големи штети, како врз државата, така и врз граѓаните и нивните животи

Соопштение до јавноста

СДСМ две години ја пустоши државата. Економија која тоне, сиромашни граѓани кои едвај чекаат да се иселат од државата и нефункционална правна држава е сликата за Република Македонија по две години власт на СДСМ.

Власта на СДСМ ќе биде одбележана по бруталните политички монтирани случаи, спроведени преку Русковска обвинителството и Кацарска судството, кои наместо по правото, гонеа и судеа според наредбите на Заев.

Современата инквизиција која ја спроведе Заев е срам за државата. Овој прогон стави во затвор и изложи на шиканирање невини луѓе, кои без никакви докази се оставени да скапуваат по затворите.

Република Македонија не смее повеќе да толерира компромиси со правдата, правда мора да има. Законот мора да се почитува. Политиката мора да ги тргне рацете од правосудниот систем.

Нефункционалното правосудство предизвикува и негатива врз економијата, која две години тоне 500.000 граѓани живеат на прагот на сиромаштија и едвај врзуваат крај со крај.

Работа се добива само доколку имаш роднинска врска со функционер на власт, а бизнис или тендер земаат само фирмите на Заеви и Анѓушев.

СДСМ ја оттуѓи државата од граѓаните и предизвика големи штети, како врз државата, така и врз граѓаните и нивните животи.

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...