Над 500.000 граѓани во државата живеат на прагот на сиромаштија

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

Со СДСМ  на власт економијата две години е на дното. Граѓаните имаат се помалку пари, а трошоците за живот континуирано се зголемуваат.

Над 500.000 граѓани во државата живеат на прагот на сиромаштија. Стандардот на граѓаните откако СДСМ  е на власт не се подобрува, туку се влошува.

Наместо СДСМ  да промовира мерки со кои директно ќе ја помогне економијата, со површни мерки и гол популизам, купува време за опстојување на власт. СДСМ и Заев немаат план да ја придвижат економијата напред.

СДСМ и Заев создаваат апатија во економијата и редно е да ги извадат розевите наочари и да ја погледнат реалната слика за македонската  економија.

Состојбата во економијата со СДСМ и Заев на власт е безнадежна, граѓаните живеат во сиромаштија и беда, додека бизнисите на криминалниот картел на власт цветаат.

Со СДСМ Република Македонија само тоне. Нема просперитет со власта на Заев, токму затоа потребно е што побргу да си заминат.

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...