Продолжуваат теренските посети на ВМРО-ДПМНЕ, потпретседателот Мисајловски оствари средби во Општина Бутел

Теренските посети на членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат и овој викенд. Денес тим предводен од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски беше во посета на Општина Бутел каде што оствари средби со жителите на населените места Бутел и Радишани.

Во Бутел граѓаните се пожалија на лошите економски политики кои ги спроведуваат владата на СДСМ и Зоран Заев, потенцирајќи дека нема ништо од она што го ветуваа за време на предизборниот период на предвремените парламентарни избори.

Тие се  револтирани и разочарани бидејќи нема ниту реализација на инфраструктурните проекти,  предизборните ветувања останаа мртво слово на хартија, нема никакви инвестиции, нема ни нови работни места. Тие велат дека зголемувањето на трошоците за живот откако СДСМ е на власт го прави нивниот живот се потежок.

Во Радишани членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ беа во посета на Манастирот „Св. Наум Охридски“ како и на отворање на нов месен комитет.  При  средбите со жителите на Радишани беше заклучено дека состојбата и тука секојдневно се влошува откако на власт е СДСМ.

Жителите се заборавени од власта, ништо од ветеното не е реализирано. И тука власта нема ништо направено за на овие граѓани да им ја подобри економската состојба, но и состојбите во здравството и образованието.  Тие надеж гледаат во брзи предвремени парламентарни избори, веднаш после претседателските, за конечно да завршат неправдите во нивната општина.

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...