Постои сериозен сомнеж дека Поликлиника „Букурешт“ е ново жариште на продолжението на епидемијата на непотизам

Интегрален текст од изјава за медиуми на Маја Славева

Почитувани,

Постои сериозен сомнеж дека Поликлиника „Букурешт“ е ново жариште на продолжението на епидемијата на непотизам.

СДСМ не го интересира здравјето на граѓаните. СДСМ и Филипче ги интересира што е можно подобро да се згрижат роднините на партиските функционери. Затоа не почитуваат ни закон за избори, ни процедури, ниту постапки. Според информациите со кои располагаме, пред избори си делат концесии и ординации.

Почитувани,

Здравството тоне во секој сегмент. Нема доволно матични лекари, нема ниту специјалисти од сите области. Граѓаните се оставени буквално сами на себе.

Затоа пак министерот за здравство, Венко Филипче е фокусиран да вдомува ќерки, синови, роднини, пријатели. Од рака му оди и кршењето на правните норми да дава дозволи, концесии во период кога тоа е забрането.

За ова доказ е големиот револт и негодувањето кај матичните доктори во поликлиника „Букурешт“. Таму за неполн месец им се даде концесија на тројца млади доктори, активисти на СДСМ.

 За нив се пренаменети ординации кои биле во сопственост на специјалистичката служба. Станува збор за ординации кои не се влезени во здравствена мрежа за издавање под концесија за општа медицина, туку за специјалисти. Едноставно се земени соби од кабинет за дијабет и од лабораторија.

Концесија за ординациите е дадена на докторите Филип Локвенец, Кирил Солевски и Марија Михајлова.

 Почитувани,

Целата процедура за доделување на концесија за ординации во случајов е направена нетранспарентно. Тука е и непотизмот. Еден од лекарите кој доби концесија за ординација е близок роднина на висок функционер од СДСМ, Хари Локвенец.

Го прашуваме министерот Филипче како е можно на роднини и партиски војници на власта, експресно да им се дадат концесии за општа медицина? Дали знае Филипче што прави директорот на Здравствен дом Скопје, Злате Мехмедовиќ? Знае ли како доделува концесии во конкретниов случај за матични лекари. Ова е невиден непотизам и криминал за кој треба некој да одговара.

Поврзани вести

Најгоре