На денешната собраниска комисија за труд и социјална политика во Собранието, пратеникот Трајчо Димков од редовите на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека ќе мора сите заедно да се обединиме за решавањето на проблемите на лицата со попреченост.

Сериозен е овој проблем и мислам дека ќе се обединиме да ги решиме, вели Димков.

Пратеникот додаде дека во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ биле донесени голем број на мерки за лицата со попреченост, како и за лицата од ранливата категорија односно приматели на социјална помош.

ВМРО-ДПМНЕ во периодот од 2006 – 2016 заради подобрување на животниот стандар подобрување на животот и намалување на социјалниот ризик, примателите на социјалната помош ја зголеми во проск од 69 проценти, додека постојаната социјална помош во просек е зголемена на 68 проценти, истакна Димков.

Тој потсети дека доколку ВМРО-ДПМНЕ останела на власт планирано било и зголемување на социјалната парична помош и на постојаната парична помош за околу 10 проценти односно истите ќе беа зголемени за вкупно 50 проценти за 4 години, доколку ние останавме на власт, потенцираше тој.

Димков го спомена и отписот на догови како една од многуте мерки значајна за граѓаните, додавајќи дека ова мерка била 30 милиони евра а опфаќа различна категорија на граѓани.

Отписот на долгови на ранливата категорија на граѓани е исто таква една мерка кој сметам дека помогна. Овој проект беше околу 30 милиони евра и ги опфаќаше различна категорија на лица, посочи пратеникот Димков.

Димков изрази жалење на укинување на грантовите за отворање на детски градинки од страна на СДСМ и министерството за труд и социјална политика нагласувајќи дека со овие грантови не само што се отворале нови работни места туку и им се помагало на граѓаните за згрижвање на нивните деца.

За жал министерство за труд и социјална работа ги укина грановите за отворање на детски градинки, кажа Димков.

На крај, пратеникот Димков изјави дека на лицата со попреченост им треба нов закон каде што ќе им се уредува поголема сигурност односно сигурна социјална и здравствена заштита.

Сметам дека треба да се направи законот со кои лицата со попреченост прво ќе имаат сигурност дека се граѓани во оваа држава, дека некој мисли на нив дека Македонија е мајка, да има социјална и здравствена помош и да не се плашат дека нешто ќе им се случи, објасни тој.