Митовска: Со новиот предлог-закон граѓаните нема да ја добијат долго ветената социјална помош од 200 евра

Овој закон има недоречености, и ова беше е едно пополистичко предизборно ветување на СДСМ каде што на граѓаните им беше ветено 200 евра социјална парична помош и граѓаните секојдневно ја очекуваат оаваа социјална парична помош од 200 евра, но за жал ниту сега нема да ја добијат со вака предложеното законско решение. Ова во дебатната емисија “Економски магазин“ на Алсат телевизија го истакна пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Слаѓана Митовска, разговарајќи за најновите законски решенија од социјалната сфера кои треба до крај на месецов да се усвојат во македонското Собрание.

Таа смета дека со овој предлог закон за социјална заштита, се прави еден збир на претходните, но сега сите тие права имаат нов термин и се збир од сите претходни права кои до сега ги уживаа корисниците на социјална помош и на други видови на парични давања. – Тоа значи дека, корисниците на социјална парича помош, нема да почуствуваат големи новини во однос на финансиските средства кои што ќе ги добиваат.

Така на пример еве постојаната парична помош кои што порано лицата ја користеа, и доколку лицето е над 65 години нема пензиски стаж, нема имот и имотни права од кои може да се издржува и нема други приходи во семејството. Овие лица користеа постојана парична помош каде што доколку нивниот брачен или вонбрачен партнер не остварува материјални средства, исто така ги исполнува условите, нема имот и имотни права од кои може да се издржува, користеа постојана парична помош, каде што имаше носител и соуживател. Сега со овој предлог на закон, долго најавуваната социјална пензија која што помпезно беше најавена во предизборниот период, каде што сите возрасни лица очекуваа дека без еден ден стаж ќе може да остварат социјална пензија, за жал не е така. Вистината е сосема поинаква.

Сега лицата над 65 години нема да користат постојана парична помош, ќе користат право на социјална сигурност каде што само еден од брачните партнери има можност да го користи ова право. Што значи дека дека претходно имале поволноссти, образложи Митовска. Таа додава дека, ако во претходниот закон, корисниците на социјална парична помош, 12 месеци користеа парични средства за потрошена електрична енергија во висина од илјада денари, сега со новото законско решение кое што го предлага министерството за труд и социјална политика, ќе користат само шест месеци во висина од илјада денари.

Поврзани вести