Земјоделците го почувствуваа „Животот“ кој го ветуваше и донесе СДСМ

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

СДСМ преку своите бледи соопштенија се обидуваат да ги манипулираат граѓаните, дека во Македонија тече мед и млеко.

Земјоделците го почувствуваа „Животот“ кој го ветуваше и донесе СДСМ. Земјоделците почувствуваа што значи, нивниот труд да не биде вреднуван од Владата, откупните цени да бидат ниски и да немаат пласман за своите производи.

СДСМ за овие две години создаде енормен хаос во земјоделието. Субвенциите се намалени, исплатата доцни, а откуп нема.

Заев пред избори ветуваше дека откупувачите ќе се тепаат кој повеќе да откупи, истиот ветуваше поголеми откупни цени, за сега по избори ништо од тоа да не е случај.

СДСМ го уништи земјоделието за овие две години, затоа СДСМ ќе биде казнет.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...
Најгоре