Според годишните податоци на Светска банка за 2018 година младинската невработеност во државата изнесува високи 47.6%

Интегрален текст од изјава за медиуми на Јован Јаулески, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Младите се најголемата жртва на власта, која повеќе од две години не работи ништо освен распродавање на државните и национални интереси. Додека Заев и Пендаровски монтираат судски процеси младинската невработеност расте. Според годишните податоци на Светска банка за 2018 година младинската невработеност во државата изнесува високи 47.6%, што е највисока стапка на Балканот, после Косово.

Извештајот на Светска банка вели дека половина од невработените млади, се лица кои подолг период не можат да најдат работа.

Зоран Заев и Стево Пендаровски во екот на кампањата за парламентарните избори ветуваа дека младите ќе бидат во фокусот на власта на СДСМ. Ветуваа нови работни места, подобро образование и повисок стандард. Две години ништо од тоа. Заев и Пендаровски ги излажаа младите.

Состојбите за младите во Република Македонија се поразителни и очајни. Според извештајот на Светска банка од 24 – 26% од младите живеат на прагот на сиромаштија. Тоа значи дека над 140.000 млади лица во државава секој ден се соочуваат со сиромаштија и едвај врзуваат крај со крај.

Состојбата е лоша и со младите кои работат. Имено 1/3 од младите кои се вработени во Република Македонија според истиот извештај работат во секторот на сивата економија. Ова значи дека овие лица се исклучени од системот на пензиско и здравствено осигурување и не ги уживаат поволностите кои ги нуди системот на државно осигурување.

Почитувани,

Младите се оставени на работ на општеството. Власта која ветуваше поголема грижа за младите и создавање можности за сите, сега две години со прст нема мрднато за младите.

Оваа власт ги изневери младите и затоа треба да си оди. СДСМ мора да си замине. Со СДСМ секој ден само тонеме.

Поврзани вести

Најгоре