Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски оствари разговор со лидерката на владејачката германска партија ЦДУ Крамп Каранбауер

Соопштение до јавноста

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ  Христијан Мицкоски во рамките на својата посета на политичкото собрание на Европската Народна Партија што се одржува во Брисел оствари разговор со лидерката на владејачката германска партија ЦДУ Крамп Каранбауер.

За време на разговорот Мицкоски ја запозна со актуелната политичка состојба во државата и разговараа за актуелната состојба во рамките на ЕНП. Каранбауер истакна дека стои на располагање за поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и реализација на стратешките интереси и посакува успех на наредните избори.

Од лидерката на ЦДУ беше испратена и поддршка за Гордана Силјановска Давкова. Разменија мислења за улогата на жените во политиката. Крамп Каранбауер и даде целосна поддршка на Силјаноска Давкова за победа на следните избори.

-Давам поддршка на жените во политиката и се надевам на нивен успех. Се надевам дека ќе станете првата жена претседател на вашата држава и ќе победите на изборите, изјави Крамп Каранбауер.

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...