Јавно обвинителство не презема ништо околу пријавата која е поднесена поради основано сомнение дека за референдумот се злоупотребени над 50.000 гласови

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Изминуваат шест месеци откако до Јавното обвинителство е доставена Кривична пријава за повеќе од 200 лица, претседатели, членови и нивни заменици на избирачки одбори, заради основано сомнение дека на референдумот на 30-ти септември минатата година биле злоупотребени над 50.000 гласови, односно за основано сомневање дека биле полнети кутии.

И денес Македонија ги очекува информациите од Јавното обвинителство околу оваа Кривична пријава, што точно се случи на референдумот на кој што во определен период на посочени места се гласало за 9, 14, 15 секунди итн.

Оценката во јавноста е дека референдумот и кампањата минаа во најнедемократска атмосфера, со поткуп, со уцени, со закани, со лажење и со лажно претставување преку кол-центри, до полнење на кутии на денот на референдум. Македонија, почитувани, се подготвуваат нови избори, а Јавно обвинителство молчи и не презема ништо за подобрување на впечатокот и оставање на сомнежи за криминогеност во очи на изборите.

Ова е прашање од голем интерес за Република Македонија и за граѓаните, и повторно потсетуваме на препораките од Комитетот на министри при Советот на Европа од 2003 година, дека за вакви истраги редовно треба да ја информираат јавноста.

За потсетување, Јавното обвинителство пред 6 месеци посочи дека цитирам, „будно ги следеле прес конференциите“ и дека „се’ што ќе биде доставено ќе процесирале“. Но до денеска нема никаква информација што е преземено. Вакво јавно обвинителство, почитувани, кое остава огромен простор за сомнеж во изборниот процес, сомнеж за заштита на криминогени дејства, на Македонија не и е потребно.

Насушна е потребата од право и правда во Република Македонија, а таа е на дофат со победата на Гордана Силјановска Давкова на претседателските и на ВМРО-ДПМНЕ на предвремените избори.

Поврзани вести

Најгоре