Заев ја лажеше јавноста и ја злоупотреби сообраќајна незгода во која загина Никола Младенов

Интегрален текст од изјава за медиуми, Маја Славева

Зоран Заев ја лажеше јавноста и ја злоупотреби трагичната сообраќајна незгода во која што животот го загуби новинарот Никола Младенов. Зоран Заев срамно манипулираше преку таканаречените бомби квалификувајќи ја трагичната смрт како убиство.

Зоран Заев срамно си поигруваше со чувствата на семејството на Никола Младенов, неговите пријатели и познаници и целокупната јавност. Зоран Заев измислуваше различни теории на заговор, само за да се приграби до власт.

Сопругата на Младенов, вчера конечно ја потврди вистината и јасно кажа дека причина за несреќата е неприлагодена брзина. Сопругата на Младенов е децидна дека нема никаков сомнеж дека станува збор за нешто друго. Сопругата на Младенова го демантираше и ги разоткри лагите на Заев, кој манипулираше дека во истрагата се криени докази и дека е потребна нова меѓународна истрага.

Заев и СДСМ мислат дека граѓаните забораваат, но се лажат. Јавноста се сеќава на сите лаги и на сета деструкција изнесена во врска со смртта на Младенов.

На 2ри мај 2017 година во интервју за српски медиум, Зоран Заев кажа цитирам „јас ветив пред граѓаните меѓународна истрага и за смилковското езери и за кумановските настани и за убиството на Никола Младенов, кој тоа стои позади“.

Заев кажа – Заев излажа. Заев и СДСМ треба да им се извинат за лагите и на блиските на Младенов и на професионалците кои ја водеа истрагата и на целокупната јавност. Заев и СДСМ треба да понесат одговорност за сите изречени лаги и за сета закрвеност која ја посеаја во јавноста. Граѓаните сакаат одговорност за сите лаги. Граѓаните беа свесно изманипулирани.

Дали Оливер Спасовски и правосудните институции сега ќе покренат кривична пријава против Зоран Заев и врвот на СДСМ во тоа време?

СДСМ мора да си замине. а да се случи тоа потребна е масовна излезеност на претседателските избори и гласање за Гордана Силјановска Давкова.

Поврзани вести

Најгоре