Трипуновски од Радовиш: Немаше граѓанин кој што немаше забелешки на владеењето на СДСМ

Во текот на вчерашниот ден тим на ВМРО-ДПМНЕ  предводен од членот на извршниот комитет, Цветан Трипуновски ги посети населените места Злеово, Калуѓерица и Покрајчево во Радовиш.

Трипуновски од овде кажа дека граѓаните од овој регион изразиле големо незадоволство од актуелната власт предводена од Зоран Заев.

-Немаше граѓанин којшто немаше забелешки на владеењто на СДСМ. Дали беа тоа земјоделците, дали тоа беа луѓето коишто имаа забелешки на здравството, на образованието, на економската политика и воопшто на онаа репресија која се чуствува од страна на СДСМ врз жителите на овие населени места, посочи Трипуновски од Радовиш.

Трипуновски од Радовиш кажа дека граѓани го истакнале и проблемот со откупот на сливата, при што министерството и власта на СДСМ не излегле во пресрет за решавање на нивниот проблем, туку биле  оставени сами на себе да се снаоѓаат со своите проблеми.

Граѓаните од Радовиш испратија порака дека доаѓаат светли денови за Република Македонија, а тоа е дека на 21 Април ќе испратат силна поддршка за кандидатот за претседател, проф. Гордана Силјановска Давкова и преку победата на претседателските избори ВМРО-ДПМНЕ ќе побара предвремени парламентарни избори со кои ќе допринесат да се врати демократијата и владеење на правото во Република Македонија.

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...