Настаните на терен од членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат

Членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ ги посетија населените места во Неготино. Граѓаните од населените места Тремник, Војнашци и Криволак во неготинско истакна дека живеат се посимашно од ден на ден. Имено тие се пожалија на ниските откупни цени на грозјето и акцизата која допринесува за покачување на прозиводствени трошоци за одгледување на сите земјоделски прозиводи.

Исто така беа посетени и населените места  Удово и Јосифово во Валандовско. Од овде граѓаните порачаа дека оваа ненародна власт допринела за катастрофална состојба во земјоделието.

Од Македонски Брод жителите на населените места Црешново и Брест истакнаа дека поради лошата економска состојба во државата се поголем број на луѓе се иселуваат од државата.

Претставниците од ВМРО-ДПМНЕ беа и во посета на Јегуновце. Овде беа посетени населените места Јанчиште, Туденце и Желче каде граѓаните кажаа дека оваа ненародна влада на СДСМ нема направено нижто за овие населени места.

Поврзани вести

Најгоре