Драган Тевдовски потврди дека политиките на ВМРО-ДПМНЕ во економијата биле добри

Соопштение до јавноста – реакција на изјавата на Драган Тевдовски

Драган Тевдовски потврди дека политиките на ВМРО-ДПМНЕ во економијата биле добри. Тоа што сега има странски инвестиции кои ја реинвестирале добивката е резултат на успешните политики на ВМРО-ДПМНЕ во минатото.

Тевдовски и Заев ја урнисуваат економијата. За две години колку што се на власт долгот е зголемен за  над половина милијарди евра.

Тевдовски и Заев не направија ништо. Нивото на  капитални инвестиции во 2018 година беше на најниско историско ниво, истото е случај и оваа година. Имено во првиот месец од годинава реализирани се само 1% од годишно предвидените.

Финансиската политика е очајна, тоа го знаат и Тевдовски и Заев, а го знаат и граѓаните. 500.000 граѓани живеат на прагот на сиромаштија.

Граѓаните се се посиромашни. СДСМ и Зоран Заев  мора да си одат. Победата на претседателските избори на  Гордана Силјановска Давкова ќе  биде причина за распишување на предвремени  парламентарни избори.

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...
Најгоре