Бизнис интересите на Шилегов очигледно му се поважни, отколку здравјето на граѓаните на Скопје

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Петре Шилегов нема намера да се откаже од труењето на Скопјани. Бизнис интересите на Шилегов очигледно му се поважни, отколку здравјето на граѓаните на Скопје.

Петре Шилегов сеуште не одговори дали нов партнер на градот во бизнисот со рециклажа на опасен отпад ќе биде лицето Петар Припуз кој е криминално гонен за серија криминалии во Хрватска?

Петре Шилегов сеуште не одговори дали Петар Припуз сопственикот на ЦИОС и уште други десетина компании, ќе го пресели опасниот бизнис со најотровниот отпад од странство во Македонија и ќе ги труе граѓаните на Скопје?

Петар Припуз е човекот кој во Хрватска е гонет заедно со загребшкиот градоначалник Милан Бандиќ за сериозни криминалии.

Партнерот на Петре Шилегов се товари дека затаил над 13 милиони евра данок, со тоа што издавал фиктивни фактури на фирми кои што требало да му бидат добавувачи и никогаш не се утврдило дали навистина бил купен отпадот од негова страна односно дали физички стигнал до неговите фирми.

Дали намерите на Петар Припуз и Петре Шилегов се да го преселат бизнисот на ЦИОС во Скопје и да реализираат сомнителни бизниси со овој најопасен отпад кој што ќе се увезува и рециклира тука во Скопје, а притоа никој не води сметка во државата колку таков опасен отпад е увезено?

Почитувани,

Петре Шилегов не води никаква грижа за граѓаните на Скопје. Со вакви криминални партнери големи се шансите и самиот Шилегов да биде предмет на истраги и еден ден да одговара за сето ова.

Ова лудило мора да престане и оваа сомнителна зделка не смее да се реализира. Најголемата цена ќе ја платат граѓаните на Скопје со своето здравје.

Поврзани вести

Најгоре