Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со граѓаните на Свети Николе

Соопштение до јавноста

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со граѓаните на Свети Николе.

На средбата тој посочи дека бруталноста на неправдата може единствено да се порази со отпор, со неоткажување и борба до победа, за вистинска правда. Не смееме никогаш да се откажуваме од она за што мислиме дека е правилно и за што вреди да се бориме, вели Мицкоски.

Лидерот на ВМРДО-ДПМНЕ истакна дека победата ја носат храбрите и мотивираните. Победуваат оние чија љубов кон татковината е поголема од самоволието на власта. Не победуваат ниту побројните, ниту помоќните, победуваат оние кои се храбри и оние кои што се мотивирани, додаде тој.

Мицкоски потенцираше дека мора да се застане цврсто на нозе, рамо до рамо и да продолжиме да се бориме затоа што се бориме за сонот за Македонија. И како ќе минуваат годините секој еден од нас ќе може да каже дека сме застанеле цврсто, сме се спротивставиле и победиле, вели тој.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ констатираше дека  претседателските избори се шанса за цврсто и одлучно да се порази Заевизмот. Овие избори се шанса граѓаните да се изборат за правдата и правдината, за човечкото достоинство и честитост.

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...
Најгоре