Последиците од заевизмот се чувствуваат во Свети Николе и во Штип

[embedyt] //www.youtube.com/watch?v=r75-iDIN_S0[/embedyt]

Изјава од денешната посета на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски во Штип

Претходно бевме во посета на Свети Николе таму се слави денот Тодорица, одлична посета, многу народ, добра традиција, но за жал се чувствуваат последиците од заевизмот и во Свети Николе и овдека во Штип. Луѓето кои што имаат тезги таму се жалат дека никогаш не била посиромашна годината од аспект на купувачи. Се надеваат дека набрзо ќе дојде крајот на заевизмот во Република Македонија. Ќе дојдат вистински луѓе на вистински места и ќе можеме да тргнеме напред. Затоа што сега како што се движи Република Македонија не е вистинската насока и не е посакуваната насока на граѓаните.

Истото чувство го споделуваат и штипјани, бевме во еден економски субјект, еден производен погон, луѓето се занимаваат со производство кое го пласираат и на домашниот, но и на странскиот пазар. Истата е сликата секаде, заевизмот се чувствува секаде, ние сме тука за да понудиме пред граѓаните надеж, а веднаш потоа откако ќе ја добиеме нивната доверба и таа надеж да ја претвориме во реалност. Затоа што реалните проблеми натежнати се, луѓето се чувствуваат разочарани, луѓето се чувствуваат изневерени.

Навистина сето она кое што денеска и го приредува СДСМ и Зоран Заев на Република Македонија е повеќе од трагично и траорно. Се надевам дека граѓаните на 21 април ќе ја препознаат понудата која што ние ја презентираме во Република Македонија. Понудата која госпоѓата Гордана Силјановска Давкова ја презентира, масовно ќе излезат и масовно ќе дадат поддршка како на 21 април така и на 5 мај.

Очекуваме една голема победа која ќе го означи крајот на една ваква, неподготвена и неспособна влада во Република Македонија и ќе ги отвори вратите за нови предвремени парламентарни избори.

Новинар Прашање: Колку висината на казните и тајмингот кои се изречени се еден вид притисок до гласачите и еден вид валкана игра да речам пред изборите?

Христијан Мицкоски: Го коментирав тоа и во минатото, ваков притисок е невиден во поновата историја во Република Македонија, Заев се закани на 28 април 2017-тата година, еве речиси две години потоа, Кацарска и Рускоска испорачаа,  класичен политички прогон. И не може да помине веќе помеѓу граѓаните онаа класична демагогија која што доаѓа од центарот за лаги и манипулации на СДСМ дека ние сме заштитувале насилство итн. Бидејќи насилство имаме во сите градови во Република Македонија и не само што не се казнуваат насилниците и престапниците, туку напротив владата се слика со таков тип на криминалци и објавува на социјалните медиуми.

Така што оваа драконска казна е исклучително да се втера страв помеѓу гласачите, помеѓу граѓаните на Република Македонија. Исто така да се пресметаат со политичките не истомисленици, но и она што Заев го нарача на 28 април 2017-тата денеска да го испорачаат неговите слуги, а тоа се Кацарска судството и Рускоска обвинителството.

Она кое што е реалност во Република Македонија ќе го видиме на 21 април и 5 мај, а тоа е силата и енергијата која постои помеѓу граѓаните во Република Македонија да оваа повторно ќе кажам неспособна, насилничка и деспотистичка власт замине еднаш за секогаш на маргините на темната страна во историја.

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...