Пендаровски и Заев се лице и опачина на истата паричка

Соопштение до јавноста

Пендаровски и Заев се лице и опачина на истата паричка. За Пендаровски и за Заев  не  постои ниту устав, ниту закон, ниту право, ниту правдина.

Пендаровски и Заев се нарачатели на политички монтираните процеси.

Случајот 27 април, е политички монтиран процес, против сите неистомисленици на Зоран Заев. Според изреченото во пресудата нема ниту еден аргумент и доказ за делото за кое се товарат сега осудените.

Чавков и останатите професионалци од МВР, како и граѓаните кои се осудени се жртва на политички прогон. Никаде во цивилизирана  Европа не се притвораат луѓе два дена пред изрекување на пресудата и тоа врз основа на фингирана службена белешека.

Принципот на владеењето на правото е укинат во Република Македонија, под власта на СДСМ. Република Македонија само тоне, а на удар на правосудните институции, кои се претворени во алатка за прогон на власта се сите неистомисленици на Зоран Заев.

Злото наречено СДСМ мора што побргу да си замине. Потребна  е масовна излезност на избори и победа на Гордана Силјановска Давкова, што ќе биде причина за распишување на предвремени парламентарни избори.

 

Со почит, 
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Најгоре